9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Католичката црква во Италија: Имаме 600 случаи на злоупотреба на малолетници

Католичката црква во Италија го објави првиот извештај за сексуална злоупотреба на малолетници и ранливи лица, но адвокатите на жртвите велат дека бројот на случаи е веројатно многу поголем и сметаат дека ограничениот опсег на истрагата е срамен, пренесуваат медиумите во регионот.

Католичката црква собрала 613 досиеја за случаи на злоупотреба во изминатите две децении и досиејата се испратени до ватиканската Конгрегација, изјави денеска во Рим генералниот секретар на италијанската бискупска конференција (ЦЕИ) Џузепе Батури.

Вториот извештај ќе ги опфати апликациите во 2000-тите, иако не е прецизирано кога ќе биде објавен. Извештајот за 2020 и 2021 година покажува дека 89 наводни жртви пријавиле злоупотреба како што се сексуално вознемирување, сексуални односи или несоодветно однесување во Црквата.

Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 10 и 18 години за време на злосторството. Според извештајот биле пријавени и 68 наводни сторители. Нешто помалку од половина се членови на свештенството (30), според истражувањето на експерти, кои спровеле анкета во своите 226 епархии, од кои 166, или приближно 73 отсто се согласиле да учествуваат во истражувањето, јавува ДПА.

Главната група за поддршка на жртвите на „Rete l’Abuso“ ја критикуваше Црквата што не спомнува компензација и дека им дава премала поддршка на жртвите. Жртвите повикаа на сеопфатна истрага која ќе трае неколку децении, како што направија црквите во Франција и Германија.

„Ова е апсолутно незадоволително и срамно“, рече Франческо Занарди, шеф на организацијата „Rete l’Abuso“ (Мрежа на злоупотребените), која има една од најголемите дигитални архиви за сексуална злоупотреба од страна на свештенството во Италија.

Л’Абусо вели дека црковните власти не интервенирале, ниту ја прикриле злоупотребата или дејствувале предоцна.

„Тоа е само почеток“, рече надбискупот Лоренцо Гизон, шеф на националната служба за заштита на децата на Италијанската црква.

Спонзорирано: