4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Донесе одлука: Путин ја напушта Русија – после долго време рускиот лидер се охрабри да патува надвор од границите на земјата

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на Самитот на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ) во Ерменија на 23 ноември.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска објави информација за неговиот распоред.

Коментирајќи го распоредот на Путин следната недела, Песков рече дека Путин ќе оди на самитот на ОДКС во Ереван и дека ќе има руско-кубански разговори во Москва. „Путин ќе учествува на уште неколку настани“, додаде Песков, пренесува ТАС С. На состанокот во Ереван, лидерите на ОДКБ ќе разговараат за меѓународните и регионалните прашања, чекорите што треба да се преземат за помош на Ерменија.

Постојани членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, а земји набљудувачи се Србија и Авганистан. Путин не присуствуваше на неодамна одржаниот самит на Г-20 во Индонезија.