9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Десет милиони Украинци без струја, Зеленски најави и вонредни исклучувања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов 10 милиони граѓани на Украина немаат струја поради оштетување на електричната мрежа по руските ракетни напади.

Синоќа во видео обраќање Зеленски рече дека цел ден се санирани последиците од уште еден ракетен напад врз Украина, пренесува Униан.

Тој изјави дека покрај планираните, на сила се и вонредни прекини на струја. Зеленски изјави дека најмногу исклучувања има во регионите Виница, Одеса и Суми и во Киев.

„Правиме се за да го нормализираме снабдувањето“, рече претседателот на Украина.

Спонзорирано: