9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Чавушоглу: Барањата на Русија мора да се исполнат

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека барањата на Русија мора да се исполнат за житото да стигне до оние на кои им е потребно.

Коментирајќи го денеска постигнатиот договор за продолжување на испораката на жито преку Црното Море, Чавушоглу појасни дека барањата на Русија мора да се исполнат за да се обезбеди пристап до храна за оние на кои им е потребна, јави Анадолија.

„Турција не ја брани Русија, но е свесна дека ова е договор во кој мора да се исполнат барањата на Русија за житото да стигне до оние на кои им е потребно“, рече Чавушоглу на прес-конференција.

Тој изрази надеж за прекин на огнот со цел да се стави крај на руско-украинската војна преку дипломатија, за да нема потреба дополнително да се продолжува договорот за испорака на жито.

Договорот за црноморскиот коридор за жито беше продолжен за 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.

Спонзорирано: