4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Зеленски се сретна со шефот на ЦИА во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Барнс.

Брнс е во Украина за да разговара за војна со Русија.

Во понеделникот, Барнс се сретна со шефот на разузнавањето на рускиот претседател Владимир Путин во Турција во првиот познат американско-руски контакт лице в лице на високо ниво од почетокот на инвазијата.

– Имавме средба со него… (разговаравме) за сите прашања кои се важни за Украина – рече Зеленски на прес-конференцијата што ја пренесува телевизијата. Тој рече дека двајцата разговарале за, како што рече, руската нуклеарна закана.

Брнс го посети Киев додека Русија го нападна градот со проектили. Зеленски рече дека шефот на ЦИА извесно време поминал во засолништето.