11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина го стави Кадиров на листата на барани лица

Украинската служба за безбедност го стави лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров на листата на барани лица, според информациите достапни на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи.

Кадиров е означен како „поединец кој се крие од истражните органи“, а на потерницата е и неговата фотографија, пренесе ТАС С.

Во петокот Службата за безбедност на Украина објави дека поднела обвинение против Кадиров, обвинувајќи го за „агресивно водење војна“ и „спроведување дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија“.

Спонзорирано: