23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Тврдела дека носи брашно за колачи, а била фатена со 400 грама кокаин: Детали за апењето на нарко-бабата во Земун

Нада била пронајдена во шумата со ранец во кој имало 400 грама наркотици, вага за прецизно мерење и голем кујнски нож.

Дека дилерите од ништо не се плашат покажува и апсењето на бабата Нада В.(78), која е осомничена дека продавала наркотици во населбата Галеника. Интервентниот тим 192 и полицајците во Земун кои се навикнати на секакви работи за малку ќе се изненадиле кога во вторникот вечерта кај Нада В. пронашле околу 400 грама бела прашкаста материја, дигитална вага и нож!

Како што пишуваат медиумите од соседството, бабата дилер била откриена кога интервенирала полицијата поради дојава дека во шумата кај населбата е договорено предавање на дрогата.

-Полициските службеници ја затекнале пријавената додека се движела по патот низ шумата кај улицата Светозара Папица во населбата Галеника. Старицата на прв поглед не им била сомнителна. Шеташе во влечки, со помош на бастун и се чинеше како да го изгубила патот. Сепак, спортскиот ранец на нејзиниот грб го привлече вниманието кон неа, па беше одлучено да се провери. Во ранецот се пронајдени шест мали кеси и подготвени за понатамошна продажба и голем кујнски нож! Осомничената првично тврдела дека во ранецот има брашно од колачи и нож за сечење. Недолго потоа рече дека го нашла во грмушките додека шетала – објасни изворот за Српскиот портал Ало.

Според нејзините изјави, на сите им било јасно дека осомничената некому ќе достави или подигне роба.

– Однесена е во полициската станица Земун, каде е приведена. Интересно е што цело време се правела дека не знае зошто е приведена. Спомна колачи, секакви изговори, но не објасни од каде го добила ранецот со дрога. Избегна да одговори од кого го земала и кому требало да го даде. Дрогата е испратена на анализа, а од ножот, вагата и ранецот се отстранети траги по наредба на обвинителството, за да се открие кој бил во контакт со стоката – изјави изворот.

Тој додаде дека мобилниот телефон и е одземен на осомничената, а ќе прегледаат со кого и со што се допишувала, како и ќе и го проверат телефонскиот именик.

Спонзорирано: