5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Шведска исполни едно од барањата на Турција, парламентот гласаше за промена на уставот

Шведскиот парламент гласаше за промена на уставот што ќе овозможи зајакнување на борбата против тероризмот, што го бара Турција за да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, а беа усвоени и амандмани поврзани со шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите.

Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на здружување „кога група се смета за терористичка или поддржува тероризам“.

Против гласаше само опозициската партија Левица.

Амандманот, кој ќе стапи на сила во јануари, треба да овозможи полесно гонење на членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Шведска и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.

Меки закони
Турција го кочи приемот на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги дека засолниле милитанти блиски до ПКК и Единиците за заштита на народот (YPG) кои дејствуваат во Сирија, кои Анкара ги смета за терористи.

Шведска долго време има благи закони кога станува збор за борбата против тероризмот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон минатиот викенд во Анкара вети дека ќе ги земе предвид барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“.

Освен тоа, шведскиот парламент усвои уставни амандмани кои се цел на критики поради нивното потенцијално влијание врз новинарството, пренесува германската агенција dpa.

Слобода на изразување
Странската шпионажа на тој начин станува кривично дело и влегува во кривичниот законик.

Амандманите го ограничуваат правото да се собираат информации за шведската меѓународна соработка за објавување во медиумите, што е заштитено со устав.

Обезбедувањето информации што може да им наштетат на односите на Шведска со други земји или организации како што се ОН и НАТО, исто така, станува казниво, според телевизијата СВТ.

Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат на заштитата на изворите и свиркачите.

Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

Спонзорирано: