11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатиот проесионален велосипедист, пријателите се простуваат од младото момче (ФОТО)

У- ште една потресна вест за нашиот спорт. Во сообраќајна несреќа ова попладне загина Арбер Шаќири, професионален велосипедист.
Замина уште еден млад живот на место каде посветуваше многу време од својот спортски живот возејќи велосипед. За жал во Македонија нема соодветни патишта за вистинско професионално тренирање велосипедизам и затоа Арбер и неговите колеги спортисти беа изложени на опасности по нашите автопати. Ова беше кобно и замина млад спортист, татко на две деца. Колку е тешко да бидеш професионален индивидуален спортист и да се одржуваш на некое врвно ниво во Македонија на сите ни е добро познато. И уште ова кога ќе се случи со право се запрашуваме…
Вреди ли ?!?!?!?!?!?!? Почивај во мир Арбер…, се вели во објава на социјалните мрежи која ја пренесе порталот Курир.

Со сочуство се јави и првиот вице премиер, Артан Груби кој го објави следново:

-Тажна вест за смртта на младиот Арбр Шаќири по денешната трагична несреќа на скопската обиколница.
Изразувам искрено сочувство до семејството Шаќири, колегите и пријателите на Арбр! Нека му припаѓа на рајот!, напиша Груби.

Како што претходно објавивме, во тешка сообраќајка на скопската обиколница, еден велосипедст загина, а друг беше повреден, откако во нив удрило возило.

Спонзорирано: