13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ОН: На конфликтот во Украина не му се гледа крај, постои шанса војната да се претвори во катастрофа

Потсекретарот на Обединетите нации Розмери Ди Карло изјави дека на конфликтот во Украина не му се гледа крај и додаде дека постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.

„Навистина, на конфликтот не му се гледа крај. Се додека трае, постои потенцијална опасност од катастрофа, таа е реална. Инцидентот во Полска, во близина на украинската граница, беше застрашувачки потсетник дека мора да се направи се за да спречи понатамошна ескалација“, рече Ди Карло.

Ракетата падна во полско село на 15 километри од границата со Украина, при што загинаа две лица.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека тоа не е намерен напад врз Полска, со што се согласиле високи претставници на НАТО и на САД.

Спонзорирано: