5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дали Ковачки бил незаконски унапреден во чин полковник?

Во вчерашниот дуел на Канал 5 телевизија, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки одби да одговори на прашањето дали ги исполнувал законските услови за унапредување во чин полковник, што остави сомнеж во јавноста, пишува Новатв.мк.

Ковачки станал потполковник на 18.8.2012 година, а според законот полковник можел да стане најрано на ден 18.8.2016 година, или една година порано, ако бил оценет дека „особено се истакнува“, што не било случај со Ковачки.За физичка неспособност, Ковачки добил оценка 2-ка, а како лице во армијата морал да ја истакне својата спремност и подготвеност, но не успеал во тоа.

Ковачки сакал предвреме да го унапредат, но, не бил оценет дека „особено се истакнува“, односно му недостасувале одлични оценки што се законски услов. Спротивно на законот, г. Ковачки бил унапреден во чин полковник на 26.5.2016 година, 3 месеци пред законски предвидените рокови.Имајќи предвид дека ова е спротивно на законските одбрани, Ковачки можел да ја одбрани својата чест и углед и да го обжали решението.

Поради ова унапредување, Ковачки стана раководител на Секторот за воена безбедност и разузнавање. Ковачки беше и разрешен од позицијата командант на 1. Механизирана бригада, поради незаконско поставување од Иванов за време на избори.

Драган Ковачки спротивно на законот бил унапреден во чин полковник без да ги исполни условите за унапредување кои важат во армијата и поради оваа причина го избегнуваше одговорот во Само Вистина, пишува Новатв.мк.

Спонзорирано: