5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Whitehouse.gov/Flickr
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден за изјавата на Зеленски: Тоа не е доказ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека коментарите на неговиот украински колега Володимир Зеленски дека проектилот што падна врз Полска не бил украински не се доказ.

– Тоа не е доказ – им одговори Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од самитот на Г20 што годинава се одржа во Бали, Индонезија.

Да потсетиме, проектилот падна во вторникот во селото Пржеводов на истокот на Полска, во близина на границата со Украина. Зеленски за тоа ја обвини Русија, а првите објавени информации велат дека станува збор за руски проектил.

Вчера американските власти соопштија дека имаат информации дека се работи за украинска ракета. Исто така полскиот претседател Анджеј Дуда (Анджеј) изјави дека, според оценката на полските власти, станува збор за проектил на украинскиот систем за противвоздушна одбрана.

Спонзорирано: