11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Андонов: Мицкоски со Ванчо Михајлов покажа историски лаицизам

Професорот Оливер Андонов за „Локално“ вели дека изјавата која ја даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со историската, политичката и општествената улога на Ванчо Михајлов има свој основ, во изјавата дадена на интервјуто за Канал 5 од пред една недела, но последната изјава требала да биде негово појаснување на претходната изјава.
Андонов ова го вели откако Мицкоски вчера го повтори неговиот став дека Ванчо Михајлов е дел од континуитет на партијата, за кој пак е познато дека соработувал со фашистичките и нацистички структури.

Тој посочи дека за некои работи не се согласува со тоа како соработникот на фашистите ја управувал таа партија или организација во тоа време, но смета дека тоа е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.

„Во овој контекст на постојано нестабилни или неконзистентни изјави на Мицкоски за сенешто може да очекуваме повторна промена на неговиот став, односно повторно дополнително дообјаснување. Од таа причина неблагодарно е од етички причини кон македонските граѓани, а во исто време политички сосема непотребно, да се дава коментар на изјавите на Мицкоски, па така и во врска со оваа или поточно овие изјави поврзани со Ванчо Михајлов“, истакнува тој за „Локално“.

Според него, во овој контекст треба да се гледа и изјавата на Мицкоски насочена кон бугарските клубови во Македонија, а низ таа призма и кон односите помеѓу Македонија и Бугарија при што не е поврзано само со личностите чии имињата ги носат клубовите туку задира во други аспекти за што е потребна поширока и посеопфатна елаборација на односите на релација Македонија-Бугарија и секако причините, мотивите и пред се последиците.

-Конкретно, кога зборуваме за Ванчо Михајлов, треба да се повикаме и да ги земеме предвид сите факти на неговото делување, историски околности, политички ставови во однос на македонскиот народ, Македонија како држава и македонската нација, но и неговите лични чувства како тој се чувствувал според народносна припадност, како и каде е роден и каде работел и делувал во определени историски моменти. Неспорен факт е дека Ванчо Михајлов во целиот свој живот се изјаснувал како Бугарин, како што е факт дека секогаш се залагал за обединета самостојна Македонија, никогаш нема кажано дека Македонија треба да се обедини со Бугарија. Сепак, историчарите треба да се изјаснат по однос на Ванчо Михајлов. Историскиот лаицизам на Христијан Мицкоски што се гледа и преку неговото неточно толкување на историската позиција на други личности од македонската историја и пред се обидот да се поистовети со одредена историска личност, која е на негативните страници од македонската историјата, е жалостен обид за себеидентификација. Бидете сигурни дека оваа актуелна самоидентификација во обид, бргу бргу ќе ја надмине како што ја надмина и претходната, по што ќе се префрли на Тодор Александров“, додава соговорникот.

Андонов вели дека „многу е индикативен обидот на Мицкоски да поставува дилема за тоа како била водена организацијата во историјата, а во исто време и самиот себеси да се става во иден историски контекст за анализа на неговото „успешно“ работење-водење на партијата и тоа претставува лична перверзија на Мицкоски кон членството на ВМРО-ДПМНЕ чие внимание и симпатии сака да ги освои“.

Спонзорирано: