13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во близина на Бали се запали патнички траект со 271 лице

Патнички траект со 271 лице од Јава се запали денеска во близина на индонезискиот остров Бали, а засега нема информации за жртви, додека напорите за евакуација се во тек, соопштија претставници на спасувачките служби.

Фериботот Mutiara Timur I превезувал 236 патници и 35 члена на екипажот кога се запалил во теснината Бали, на околу 1,5 километар од плажата Карангасем, пренесе АП.

Десетици спасувачи, морнари и локални рибари се обидуваат да ги евакуираат луѓето на два брода на морнарицата, изјави началникот на Агенцијата за пребарување и спасување на Бали, Геде Дармада, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.

Спонзорирано: