Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Украина бара итен пристап до местото на експлозијата во Полска

Украина побара итен пристап до местото на ракетната експлозија во источна Полска, изјави Олексеј Данилов, секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

Тој рече дека Украина бара „заедничка истрага“ за вчерашниот инцидент со своите партнери.

Олексеј додаде дека Киев очекува информации од сојузниците врз основа на кои заклучиле дека инцидентот можеби е предизвикан од украинската воздушна одбрана, пренесува „Гардијан“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно денеска изјави дека првите резултати од истрагата укажуваат дека проектил од украинскиот одбранбен систем, кој бил истрелан за да ја заштити Украина од руски ракети, најверојатно паднал во Полска.