Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаCentarСветТОП ВЕСТИ

Столтенберг: Падот на ракетата не беше намерен напад

Во Брисел денеска се одржа итен состанок на амбасадорите на НАТО со кој претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг. Состанокот беше организиран на барање на Полска, која се повика на членот 4 од договорот за НАТО, откако две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село во источна Полска, во близина на границата со Украина.

– Истрагата за настанот е во тек, но немаме индиции дека станува збор за намерен напад или дека Русија подготвува воени акции против НАТО. Прелиминарната истрага покажа дека најверојатно украински проектили ги пресретнале руските. Но, сакам да бидам јасен, ова не е виновна Украина. Русија ја сноси вината за започнувањето на инвазијата. Изразуваме солидарност со нашиот сојузник Полска. Русија мора да стави крај на оваа бесмислена војна – порача Столтенберг.

– Разговарав со Дуда и Бајден. Се согласивме дека мора да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата. НАТО останува обединет и ќе направиме се што можеме за да ги заштитиме нашите сојузници. Донесовме важни одлуки на самитот во Мадрид за да го зголемиме нашето присуство во источниот блок на алијансата.

Вчерашниот инцидент покажува дека војната во Украина продолжува да создава опасни ситуации. Русија започна бран нови напади врз украинските градови, насочени кон цивилни цели, а тоа само по себе е опасна ситуација. Последиците можат да се почувствуваат и на територијата на НАТО – рече Столтенберг на новинарско прашање и додаде дека ќе испрати повеќе помош за Украина:

– Денеска ќе имаме состанок на групата за Украина за координирање на помошта. Нашиот главен фокус беше на воздушната одбрана, особено по новите руски напади. Сè повеќе сојузници и партнери и снабдуваат системи за противвоздушна одбрана на Украина. Мобилизираме дополнителна помош, НАТО ќе испрати и анти-дронови системи.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе