17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Сепак не е тероризам: Експлозијата во Истанбул ја предизвикал автомобил кој се запалил

Во истанбулскиот кварт Фатих вечерва се случи експлозија, откако се запали автомобил.

Пламенот кој избувнал на автомобилот се проширил и на четири паркирани возила.

Според Хабертурк, возачот на автомобилот забележал како се крева чад од неговото возило додека возел по улицата, а потоа застанал на страната на патот и побарал помош.

Покрај автомобилот, пожарот оштетил и зграда и банкомат во близина.

Некои локални медиуми претходно објавија дека вечерва „има нова експлозија“ во Истанбул, два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети.

Руската агенција РИА Новости претходно објави дека се работи за „експлозија на автомобил-бомба“.

Спонзорирано: