21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Полскиот премиер: Побаравме поддршка од сојузниците, не дозволувајте да бидеме измамени

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки зборуваше по седницата на Советот за национална безбедност на Полска, откако два проектили паднаа врз земјата.

Моравјецки рече дека полската влада нема да ги заборави загинатите граѓани, како и нивните семејства. Тој изјави дека на овој случај и Полска работи со меѓународни експерти.

– Побаравме и поддршка од сојузниците. Ги ставивме сите служби, полицајци, граничари, пожарникари и специјалци во состојба на готовност – рече Моравијецки.

Тој имаше порака до сите граѓани на Полска, апелираше да останат смирени.

– Да бидеме внимателни и да не бидеме манипулирани. Мора да се водиме од воздржаност и разумност. Апелирам до целата политичка класа на воздржаност. Во овие тешки времиња, мора да им покажеме на Полјаците единство. Мора да бидеме подготвени за сите лажни вести. Да ги слушнеме пораките на Владата и нашите сојузници. Заедно сме безбедни и нема да бидеме заплашени – изјави Моравијецки.

Спонзорирано: