23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кулеба: Русија сега ја шири приказната дека проектилот е украински

Обвинението дека еден од нејзините проектили паднал во Полска, Украина ги отфрли како „теорија на заговор“ и дел од „руската пропаганда“.

– Русија сега промовира теорија на заговор дека наводно станува збор за украинска ракета за воздушна одбрана која паднала на полска територија. Што не е точно. Никој не треба да верува во руската пропаганда или да ги засилува нејзините пораки – напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Киев, Дмитро Кулеба (Дмитро).

Шефот на окупираната област Доњецк во источна Украина, назначен од Русија, Денис Пушилин, претходно изјави дека извештаите дека руска ракета паднала во Полска се „провокација“ од Украина и обид да „вовлече дополнителни сили во конфликтот“. Руските државни медиуми објавија слична вест.

Полска официјално потврди дека ракетите се руско производство, но не кажа чии. Двете страни во војната во Украина досега користеле оружје од руско производство.

Спонзорирано: