14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Германија тврди дека имало контакт со Русија, Кремљ негира

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ги демантира наводите на германското Министерство за одбрана дека имало контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц во врска со ситуацијата во Полска.

Германското Министерство соопшти дека Шолц е во контакт со Путин во врска со ракетниот инцидент во Полска.

„Ве информираме дека сојузниот канцелар е во контакт со претседателот на Руската Федерација“, изјави за „РИА“ портпаролот на германското одделение за одбрана на прашањето дали е воспоставен канал за комуникација меѓу министерствата за одбрана на двете земји.

Сепак, Кремљ негира дека дошло до таков разговор. Песков изјави дека рускиот претседател не разговарал со Шолц.

Спонзорирано: