10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Г20: Направете напори да го намалите глобалното затоплување

Лидерите на Групата 20 (Г20), водечките светски економии, денеска најавија дека ќе направат напори да го ограничат порастот на глобалните температури на 1,5 Целзиусови степени, вклучително и постепено намалување на употребата на јаглен.

„ Решени сме да продолжиме со нашите напори за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусови степени. Тоа ќе бара значајни и ефективни акции и посветеност од сите земји“, се вели во декларацијата објавена на крајот од самитот што се одржа на индонезискиот остров Бали.

Декларацијата укажува на потребата да се забрзаат „напорите за постепено намалување на употребата на јаглен, во согласност со националните околности“.

„ Со оглед на нашата лидерска улога, ги потврдуваме нашите цврсти заложби, во остварувањето на целта на UNFCHC (Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени) за справување со климатските промени преку зајакнување на целосната и ефективна имплементација на Парискиот договор за намалување на глобалното затоплување“, се вели во декларацијата.

Спонзорирано: