12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Ердоган се огласи за ракетата што падна врз Полска: Не треба да инсистираме дека е лансирана од Русија, тоа би било провокација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека го разбира негирањето на Русија за вмешаност во ракетната несреќа во Полска.

Ердоган изјави дека најверојатно се работи за техничка грешка.

– Се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц. Општ е впечатокот дека оваа ракета не е од руско производство и оваа изјава отвора пат кон одредени факти, па затоа не треба да се инсистира дека оваа ракета е лансирана од Русија. Ова би било провокација – рече Ердоган и додаде дека мир може да се воспостави само со дијалог.

Турскиот претседател за време на своето обраќање на самитот на Г20 рече дека нема да има победници во украинската војна. Тој исто така изјави дека околу 11 милиони тони жито биле испорачани во светот благодарение на договорот со посредство на Турција.

Спонзорирано: