18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Дрон погоди складиште со гориво на руска територија

Магацин за гориво експлодираше денеска во јужна Русија, длабоко во руската територија во регионот Ориол, по напад кој најверојатно бил извршен со дрон.

Во нападот нема повредени, соопштија локалните власти.

Експлозијата, за која се верува дека е резултат на напад, се случила на околу двесте километри од украинската граница. Од почетокот на рускиот напад врз Украина, магацините за гориво и муниција на рускиот југ се цел на напади со беспилотни летала, за кои руските власти ја обвинуваат украинската војска.
Не е готов, само една земја може да му зададе смртен удар

Овие напади најмногу биле насочени кон објекти во близина на границата, во областите на границата со Украина, што не е случај со оваа експлозија во Орл, која се случи длабоко на територијата на Русија.

„Денеска (среда) во 04:00 часот најверојатно беспилотно летало предизвика експлозија на складиште за гориво во селото Стаљна Кон. Немаше жртви“, изјави гувернерот на Ориолската област Андреј Кличков.

„Сите спасувачки служби се на лице место“, додаде тој во изјавата објавена на Телеграм, без да го именува виновникот.

Експлозијата уследи по руските ракетни напади врз градови низ Украина.

Спонзорирано: