20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доналд Трамп официјално ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во САД

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Трамп), кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во Соединетите Американски Држави во 2024 година.

Трамп на тој начин по трет пат ќе биде кандидат за претседател на САД. Во 2017 година победи, за четири години подоцна да загуби од актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Инаку, по лошите резултати на неодамнешните избори за Сенатот, многу републиканци го советуваа Трамп да се откаже од кандидатурата на претседателските избори, но сепак тој остана на својата одлука да се кандидира по трет пат.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека тој прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.

Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на изборите за претседател на САД. Судејќи според претходните изјави, актуелниот американски претседател Џо Бајден има намера да се кандидира на изборите. Својата одлука треба да ја претстави следната година.

Инаку, американските медиуми пренесуваат дека се верувало дека републиканскиот кандидат би можел да биде Рон Де Сантис, кој минатата недела беше реизбран за гувернер на Флорида. Тие веруваат дека со објавувањето на својата кандидатура, Трамп сака да ги скрати крилјата на, како што пишуваат за ДеСантис, републиканска ѕвезда во подем.

Спонзорирано: