15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Бајден и понуди на Полска целосна поддршка од САД во истрагата за падот на ракетите

Американскиот претседател Џо Бајден му понуди на полскиот претседател Анджеј Дуда „целосна поддршка од САД за помош во полската истрага“ за падот на ракети на нивна територија, пренесува Ројтерс.

Во телефонски разговор, полскиот претседател му даде на Бајден ажурирање за истрагата за експлозијата во која загинаа две лица, а Бајден за возврат рече дека САД имаат цврста посветеност на НАТО.

Американскиот претседател телефонски разговараше и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Дуда разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Разменивме достапни информации и ги разјаснуваме сите факти… цела Европа и светот мора да бидат целосно заштитени од терористичката Русија“, напиша украинскиот претседател на Твитер по тој разговор.

Спонзорирано: