23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: Експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги информирал членовите на групата Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од ракета за воздушна одбрана на Украина.

„Бајден ги информирал партнерите Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за воздушна одбрана“, пренесува агенцијата повикувајќи се на неименуван извор во алијансата.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 15 ноември биле насочени само цели на територијата на Украина со ракети со висока прецизност, на оддалеченост од најмалку 35 километри од украинско-полската граница.

На 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.

По инцидентот, Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека ракетите се од руско производство, а претседателот Анджеј Дуда истакна дека засега нема точни информации за ова..

Спонзорирано: