5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Пред војната зборував со него сам долго време во Москва. По тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц додека им се обраќаше на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали.

Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.

„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина.

Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Спонзорирано: