20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси 750.000 Германци в година би можеле да добијат по 200 евра од државата

Минатиот петок Бундестагот го одобри сојузниот буџет за 2023 година, а според него, околу 750 илјади германски граѓани за својот роденден би можеле да добијат 200 евра од државата, јавуваат германските медиуми.

Владата сака да ги поттикне младите да одат на културни настани.

„Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме младите за различноста на културата во нашата земја“, изјави министерката за култура, Кл аудија Рот, од редовите на зелените.

Тоа ќе биде таканаречена културна пропусница, на која ќе има 200 евра, а со тоа треба да се поддржи и културната индустрија, која сè уште се бори со последиците од пандемијата.

Средствата, според медиумите, ќе бидат наменети за книги, посети на музеи и изложби, кино, концерти, театарски претстави и слично, но реализацијата сè уште не е целосно јасна.

Спонзорирано: