11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

“Полиграф”: Руската амбасада дезинорира дека “Косово е Србија – Крим е Русија”, а “Русија=Луганск,Доњецк, Запорожје и Херсон”

Руската амбасада во Северна Македонија на 6.11.2022 објави твит со мурал на кој пишува „Косовска Митровица. Косово е Србија – Крим е Русија“. Во твитот пишува: „Напомена, + Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“. Твитот потоа се прошири на социјалните мрежи, а го објавија и повеќе портали, пишува СМК.мк.

Но, овој твит на руската амбасада не содржи факти, туку пропагандни дезинформации.

Прво, за Северна Македонија, држава во која е објавен твитот, Косово не е Србија, туку независна држава признаена пред 14 години. Косово е признаено и од повеќе од 100 членки на ОН.

Второ, за Северна Македонија Крим е дел од Украина, а не од Русија. Земјава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а заедно со многу други држави учествува во Кримската платформа, афирмирајќи го ставот дека „Крим е Украина“.

целиот текст на СМК.мк

Спонзорирано: