3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон побара од Џјинпинг да го убеди Путин да се врати на преговарачка маса

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од кинескиот претседател Шји Џјинпинг да се обиде да го убеди рускиот претседател Владимир Путин „да се врати на преговарачката маса“, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу двајцата шефови на држави на маргините на самитот на Г20 на Бали.

Макрон побара „Кина да придонесе да му пренесе пораки на претседателот Путин со цел да се избегне ескалација и сериозно да се врати на преговарачката маса“, се вели во изјавата на француското претседателство, што ја пренесува BFMTV.

Претседателите на Франција и Кина на билатерална средба ја потврдија својата цврста позиција за спречување можна употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата, објавено на веб-страницата на претседателството.

Двајцата шефови на држави, како што соопшти француското претседателство, ја потврдија посветеноста на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се согласија за итната потреба од деескалација.

Претседателот Шји ги поддржа иницијативите на францускиот претседател за барање мир во Украина и ја потврди „нивната цврста позиција за спречување употребата на нуклеарно оружје“.

Џјинпинг и Макрон разговараа и за последиците од конфликтот во Украина врз остатокот од светот, а францускиот претседател нагласи дека придонесот на членките на Г20 ќе биде клучен за смирување на земјоделските пазари.

Спонзорирано: