9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Крадецот бегал од полицијата, па се обидел да се сокрие во претседателската вила

Во обид да и побегне на полицијата, лице осомничено за кражба се обидело да се скрие во друга резиденција на претседателот на Германија во Бон. Според медиумите, крадецот се обидел да се скрие од полицијата во замокот Хамершмит, една од најчуваните згради во Германија.

Затоа биле потребни само неколку минути додека полицијата не го открие и уапси. Од полицијата за агенцијата ДПА рекле дека се се случило кога претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, поради неколку назначувања, преноќил во таа зграда.

Од полицијата посочуваат дека во ниту еден момент не постоела опасност за шефот на државата. Крадецот очигледно не ни знаел чиј имот влегува кога бегајќи од полицијата ја прескокнал оградата. Полицијата го пронашла како се крие во тревата..

Инаку, по него претходно беше распишана потерница за упад во автомобил, а сега ќе добие и пријава за навлегување во туѓ имот. Вилата Хамершмит во Бон е седиште на претседателот на Германија од 1950 година, а од 1994 година замокот Белви во Берлин стана главна резиденција.

Спонзорирано: