12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Голем ден за човештвото: Светот од денеска ќе има осум милијарди жители

Првиот познат скок на населението се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 п.н.е.

Со земјоделството, се разви седентарен начин на живот и способност за складирање храна, што доведе до раст на природниот прираст.

„Мајките можеа да ги хранат своите доенчиња со каша, што го забрза процесот на одвикнување и го скрати времето помеѓу породувањата. Со други зборови, жените би можеле да имаат повеќе деца“, објасни Ле Брас.

Развојот на постојаните населби донесе и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги доведе луѓето во контакт со нови смртоносни болести.

Смртноста кај децата беше особено висока. Третина од нив починале пред својот прв роденден, а уште една третина пред својот осумнаесетти.

„Смртноста беше огромна, но во исто време бејби бумот беше континуиран“, вели Ерик Крубези, антрополог од Универзитетот во Тулуз.

Од шест милиони жители во тоа време, глобалното население порасна на 100 милиони околу 2000 година п.н.е., а потоа на 250 милиони во првиот век.

Црната смрт
Растот на населението ненадејно беше запрен од чумата во средниот век. Пандемијата која започна од Централна Азија, од областа на денешен Казахстан, пристигна во Европа во 1346 година со бродови што превезуваа стока од Црното Море.

За само осум години избриша 60 отсто од населението на Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.

Поради црната смрт, глобалното население се намалило од 429 милиони во 1300 година на 374 милиони сто години подоцна.

Други настани, како што е Јустинијановата чума, која го опустоши Медитеранот од 541 до 767 година, и војните во раниот среден век во Западна Европа резултирале со привремен пад на бројот на Земјаните.

Осум милијарди, клучен развој на вакцина
Експлозијата на населението започна во 19 век, главно поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството што го подобри глобалното снабдување со храна.

Од 1800 година, бројот на жители на Земјата пораснал осум пати, од една милијарда на осум милијарди.

Крубези верува дека клучот бил развојот на вакцини, особено против сипаници, кои го искорениле еден од најголемите убијци во светот.

1970-тите и 1980-тите донесоа уште една мала револуција во форма на третман на срцеви заболувања, што придонесе за намалување на смртноста на луѓето над 60-годишна возраст.

Спонзорирано: