13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Фон дер Лаен: Русија претпочита да согорува гас отколку да го продава поради што и цените се зголемија

Русија повеќе се грижи за користење на гасот како оружје, па дури и претпочита да го запали наместо да го продава, како знак на одмазда за санкциите на Западот, обвини денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Москва го суспендира протокот на гас кон ЕУ на почетокот на оваа година поради санкциите што ѝ беа наметнати поради нејзината инвазија на Украина.

„Гледаме дека Русија гори гас наместо да го продава“, рече Фон дер Лаен на првиот состанок на групата Г20 собран на годишниот самит во Бали, Индонезија, рекоа дипломатите.

Однесувањето на Русија „предизвикува недостиг на глобалните енергетски пазари и вртоглаво растат цените“, рече таа.

Затоа ЕУ го поддржа воведувањето ограничувања на цената на нафтата, додаде таа, велејќи дека тоа ќе биде од корист и за земјите со низок и среден приход.

„Но, нашиот најдобар одговор на таа ситуација е да ја забрзаме транзицијата кон чисти форми на енергија“, рече таа. Тоа е „единствениот одговор и на енергетската и на климатската криза“ и нуди големи можности за другите региони во светот.

Затоа Европа ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија, како што е водородот, во следните пет години. Ова ќе поттикне огромни приватни инвестиции, рече таа.

Спонзорирано: