4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ воведе дополнителни санкции за Иран

Европската унија (ЕУ) воведе дополнителни санкции против Иран, насочени кон 29 поединци и три организации, поради употребата на сила од Техеран против мирните демонстранти.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, во денешното соопштение изјави дека ЕУ стои до иранскиот народ и го поддржува неговото право на мирни протести и слободно изразување на нивните барања и ставови.

Меѓу казнетите со забрана за патување и замрзнување на имот се и четворица членови на тимот што ја уапси Махса Амини, девојката која по апсењето почина во притвор на моралната полиција, јавува Радио Слободна Европа.

ЕУ, исто така, воведе санкции за високи членови на Револуционерната гарда и иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

Смртта на Амани беше причина за протестите кои траат веќе два месеци низ земјата.