13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица студенти пронајдени мртви во близина на универзитетот во Ајдахо

Четворица студенти биле пронајдени мртви вчера во куќа во близина на колеџ во Ајдахо.

Полицијата соопшти дека се пронајдени безживотните тела на Итан Чапин (20), Медисон Моген (21), Ксана Кернодл (20) и Кајл Гонкалве (21).

Во тек е истрага за убиство, но полицијата не соопштува дополнителни детали за тоа како биле убиени учениците. Воедно, полицијата ги повика граѓаните да се јават кај нив доколку знаат нешто за овој случај.

Наставата на универзитетот вчера беше прекината, а засега нема уапсени за ова дело.

Спонзорирано: