Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Вучиќ испрати телеграма со сочувство до Ердоган

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со експлозијата во Истанбул.

-Почитуван претседателе, драг пријателе, со тревога ја примив веста за експлозијата во која загинаа невини граѓани, а голем број од нив беа повредени. И додека со неверување гледаме во страшните слики кои ги потресоа не само жителите на мирниот и гостопримлив Истанбул, туку и целиот свет, ја споделуваме тагата со вашиот народ, нем пред сцените на оваа трагедија.

Убеден сум дека ова злосторство брзо ќе излезе на виделина, како и дека вашата земја од оваа несреќа ќе излезе уште посилна и пообединета. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам длабоко сочувство до семејствата на починатите, до вас лично и до Владата на Република Турција, додека на повредените им посакуваме брзо и успешно закрепнување – се вели во телеграмата на Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе