20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија и Франција потпишаа договор за борба против илегалната миграција

Велика Британија и Франција потпишаа договор вреден 72,2 милиони евра за справување со проблемот со илегалните мигранти, кои со мали чамци го преминуваат Ла Манш.

Повеќе од 40.000 луѓе го преминаа каналот со мали чамци оваа година, од 28.526 минатата година, што го зголемува притисокот врз новиот британски премиер Риши Сунак и министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, да направат повеќе за да го запрат протокот, пренесуваат светските медиуми.

„Во интерес и на британската и на француската влада е да работат заедно на решавање на овој сложен проблем“, рече Браверман по средбата со францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, утринава во Париз.

„Нема брзи решенија, но овој нов аранжман ќе значи дека можеме значително да го зголемиме бројот на француски жандарми што патролираат на плажите во северна Франција и да обезбедиме британските и француските офицери да работат рака под рака за да го спречат шверцот на луѓе“.

Британската влада објави дека со повеќегодишен договор, ќе се зголеми бројот на француски полицајци финансирани од Велика Британија што патролираат на француските плажи за 40 отсто во наредните месеци. Британските офицери исто така ќе бидат интегрирани во контролните центри во Франција и на терен за да се подобрат координацијата и размената на информации.

Договорот ќе ја зајакне безбедноста на пристаништето преку финансирање инвестиции во технологија за надзор, беспилотни летала, тимови за кучиња, камери за надзор и хеликоптери за да помогне во откривањето и спречувањето на премините.

Спонзорирано: