9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Утре се очекува да биде објавена кандидатурата на Трамп за претседателската функција

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се очекува официјално да ја објави својата претседателска кандидатура во 2024 година во вторник навечер пркосејќи им на повиците на неговата партија да се откаже од кандидатурата.

Денес, 76-годишниот милијардер, кој ги шокира Америка и светот во 2016 година со победата во трката за Белата куќа, ги покани новинарите на својот луксузен имот Мар-а-Лаго во Флорида за „многу голема објава“ .

„Претседателот Трамп во вторник ќе објави дека ќе се кандидира за претседател“, рече еден од неговите советници, Џејсон Милер, кој предвидува дека говорот на Трамп ќе биде „многу професионален, многу внимателно подготвен“. Познат по својата непредвидливост, Трамп сè уште има време да се премисли во последен момент, но со месеци едвај ја криеше желбата повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Доколку реши да ја одложи кандидатурата, што наводно ја предлагаат некои советници, тоа би било многу непријатно за него затоа што неговата најава ја објави како „можеби еден од најважните говори во историјата на САД“.

Доколку се кандидира во 2024 година, тоа ќе биде трета трка за Трамп за претседател, односно петти национални избори на кои тој е носител на листата на републиканците.

Во 2016 година Трамп и републиканците дојдоа на власт со неговото влегување во Белата куќа и преземањето контрола врз двата дома на американскиот Конгрес.

Но, демократите го освоија мнозинството во Претставничкиот дом на среднорочните избори во 2018 година водејќи кампања за критики за каустичниот стил на Трамп, пренесуваат светските агенции.