10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Жена 40 минути седела на клупа, екслодирало неколку минути откако таа заминала

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, изјави за провладината телевизија А Хабер дека жената која седела на клупа во близина на местото на експлозијата околу 40 минути е под истрага. Експлозијата се случила само неколку минути по нејзиното заминување. Тој рече дека нејзиниот идентитет се’ уште не е познат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот.

На видеото од надзорната камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометната авенија Истиклал во центарот на Истанбул.

Менаџерот на ресторан во близина на местото каде што експлодирала бомбата рече дека ја слушнал експлозијата и видел луѓе како трчаат. Десетици посетители на неговиот ресторан, меѓу кои и жени и деца, во паника почнале да врескаат.

Менаџерот, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата, рече дека ги затворил ролетните на ресторанот, плашејќи се од нова експлозија и се обидел да ги смири гостите. По околу 15 до 25 минути, тој ја видел полицијата и договорил гостите и вработените во мали групи да ја напуштат зградата.

Потпретседателот на Турција Фуат Октај изјави дека властите ја сметаат експлозијата во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, како терористички напад, пренесува државната новинска агенција Анадолија.

„Сметаме дека тоа е тероризам бидејќи напаѓачот, за кој веруваме дека е женско лице, ја активирал бомбата“, рече Октај.

Најмалку шест лица загинаа, а 81 лице се повредени во силната експлозија што се случи денеска во познатата туристичка авенија Истиклал во Истанбул.

Спонзорирано: