Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа за преговори за ставање крај на војната што Русија ја води против таа земја, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и порача дека улогата на НАТО е да го поддржи официјален Киев.
„Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа, а наше е да ги поддржиме“, рече тој на заедничката прес-конференција со членовите на холандската влада во Хаг.
Столтенберг предупреди дека Русија не треба да се потценува.
Спонзорирано: