11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Срце да ви заплаче: Деветгодишно девојче загина во експлозијата во Истанбул – Ја чекала мајка си пред продавница заедно со нејзиниот татко

Деветгодишно девојче и нејзиниот татко се меѓу шестмината убиени во терористичкиот напад во неделата во Истанбул.

Меѓу загинатите се и Јусуф Мејдан и неговата ќерка Екрин.

Веста за нивната смрт ја потврди министерката за семејства и социјални услуги Дерја Јаник.

„Го проколнувам овој предавнички напад во кој загинаа татко и неговата ќерка. Како земја, ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри кои загинаа и со нашите ранети луѓе. Ништо злобно нема да може да го наруши нашето единство и солидарност“, рече таа.

Мејдан, кој работел во Министерството за семејства, со семејството дошол во Истанбул на свршувачка на роднина. Во неделата се движеле по улицата каде што се случи нападот.

Јусуф и неговата ќерка загинаа, додека неговата сопруга беше тешко повредена во експлозијата.

Во неделата попладне, силна експлозија одекна на шеталиште во центарот на Истанбул, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече „бомбашки напад“.

Најмалку 81 лице е повредено, а турската полиција уапсила жена, која ја признала поврзаноста со терористичка организација.

Спонзорирано: