Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Српски медиуми: Српски државјанин е ранет во експлозија во Истанбул

Српските медиуми објавија дека во денешната експлозија во Истанбул, во која според досегашните информации загинаа 6 лица, а 53 се повредени, имало и еден српски државјанин.

Според Телеграф, станува збор за туристката Драгана Р од Ниш, која е надвор од животна опасност. Таа е во болница каде вечерва ќе биде оперирана бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото. Генералниот конзул на Србија во Турција Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетиот српски државјанин.

– Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата – соопштија од српскиот конзулат.