13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

САД: Шест лица загинаа во авионска несреќа на аеромитинг

Шест лица загинаа во судир на два авиони за време на аеромитингот во Далас, во Соединетите Американски Држави (САД).

Официјални лица соопштија дека шест лица загинале откако се судриле два воени авиони, објави Асошиејтед прес.

– Нашиот лекарски вештак во Далас соопшти дека за време на вчерашниот инцидент на аеромитингот во Далас загинале шест лица – објави во неделата окружниот судија Клеј Џенкинс.

Тој додаде дека надлежните екипи работат на идентификација на загинатите.

Американската Федерална агенција за воздухопловство (ФАА) соопшти дека Летечката тврдина Б-17 и Бел П-63 Кингкобра се судриле и се урнале за време на аеромитингот „Вингс над Далас“ на аеродромот во Далас.

Надлежните служби се на терен.

На снимките на социјалните мрежи се гледа како малиот авион се судри со бомбашот, при што тој се подели на два дела и се урнал.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на Твитер објави дека Одделот за јавна безбедност, Одделот за управување со вонредни состојби и Одделот за транспорт им помагаат на локалните агенции да одговорат на оваа трагедија.

ФАА соопшти дека ќе ја истражи несреќата со Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Спонзорирано: