Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Путин ја одликува сопругата на Рамзан Кадиров

Рускиот претседател Владимир Путин ја одликува сопругата на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров.

Медни Кадирова сега ја носи титулата мајка херојка.

Во документот се наведува дека титулата е доделена „за големи заслуги во зајакнувањето на институцијата семејство и воспитувањето на децата“.

Претходно, лидерот на Чеченија изјави дека има 14 деца.