16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање за време на училиштен натпревар на Флорида, има мртви

Едно лице загина, а друго е рането во пукање пред средно училиште во американската сојузна држава Флорида, за време на натпревар во американски фудбал.

На крајот од натпреварот во средното училиште Орландо Џонс во саботата вечерта, вооружен маж испукал неколку истрели на паркингот за време на расправија меѓу две групи, изјави началникот на локалната полиција Ерик Смит, пренесуваат медиумите.

Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека по пукањето играчите и гледачите избегале на спротивната страна од стадионот.

Полицијата пристигнала на паркингот и пронашла едно лице починато, а друго повредено.

Уапсени се четворица малолетници, а кај едниот е пронајден пиштол.

Спонзорирано: