12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потпретседател на Турција: Бројот на повредени се искачи на 81, веруваме дека бомбата ја активирала жена

По повод денешната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, говореше потпретседателот Фуат Октај и даде нови детали.

Тој на почетокот рече дека „најверојатно експлозијата се случила по активирањето на бомба од бомбаш самоубиец и дека во овој момент властите веруваат дека се работи за женско лице“.

– Шест лица го загубија животот, од кои четворица на лице место. Најмалку 81 лице е повредено, додека двајца пациенти се во тешка состојба – изјави Октај.

Потпретседателот рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.

– Кој и да стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е стара Турција и тоа треба да го знаат сите. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара – изјави потпретседателот Октај.

Спонзорирано: