3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пелоси: Секогаш ќе имам влијание

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, вчера изјави дека е рано да се зборува дали ќе се обиде да ја задржи својата позиција по неизвесниот исход од изборните резултати во вторник, но нагласи дека не планира да се повлече од политичкиот живот.

Во неколку телевизиски интервјуа, Пелоси рече дека нејзината Демократска партија ќе има многу посветла иднина на следната седница на Конгресот, со оглед на послабите од очекуваните резултати на републиканците.
82-годишната Пелоси рече дека е фокусирана на иднината на нејзината партија, а не на личната, пред гласањето за раководството на Претставничкиот дом на 30 ноември.

„Постојат разни начини да се изврши влијание. Позицијата на претседател на Претставничкиот дом носи голема моќ, но јас секогаш ќе имам влијание“, изјави таа за Си-ен-ен.

Демократите обезбедија контрола врз Сенатот, а контролата на Претставничкиот дом останува неизвесна бидејќи двете партии допрва треба да освојат 218 места додека пребројувањето трае.

„Тесно е“, рече Пелоси. „Сè уште не сме се откажале, тие сè уште не победиле“.

На прашањето дали неодамнешниот напад врз нејзиниот сопруг ќе влијае на одлуката за нејзината политичка иднина, Пелоси рече дека не планира да го напушти Конгресот и дека ќе се обиде да придонесе за унапредување на нејзината партија. Таа рече и дека ќе го поддржи Бајден доколку сака да се кандидира за реизбор.

„Мојата одлука ќе се заснова на желбите на моето семејство и на моите гласачи. Но, ништо од тоа нема да се разгледува додека не го видиме исходот од сето ова“, изјави таа за Си-ен-ен.