20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Основачот на Амазон најави дека ќе донира поголем дел од своето богатство: Најголем дел ќе биде насочен кон борбата против климатските промени

Тој рече дека најголемиот дел од донацијата ќе биде насочена за борба против климатските промени и поддршка на луѓето кои можат да го обединат човештвото во услови на длабоки општествени и политички поделби.

Безос оваа изјава ја даде во интервју за Си-Ен-Ен и иако не наведе многу детали, ова е првпат да објави дека планира да даде поголем дел од парите.

Безос моментално е четврти на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот.

Безос претходно беше критикуван бидејќи не потпишал т.н Залог за донација потпишан од 100-те најбогати луѓе во светот, кои ветија дека ќе го донираат најголемиот дел од своето богатство во добротворни цели.

Спонзорирано: