21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британското разузнавање: Зимата ќе донесе нови предизвици во конфликтите

Зимата ќе донесе промена во условите на конфликтот, вклучувајќи помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии и поголем ризик од дефект на оружјето, тврди Министерството за одбрана на Велика Британија.

„Промените во дневните часови, температурата и времето ќе претставуваат единствени предизвици за борбените војници. Намалената дневна светлина ќе резултира со помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии“, се вели во најновиот извештај на британското разузнавање.

„Како што се намалуваат температурите, силите без зимска облека и засолниште најверојатно ќе претрпат повреди од студ, додаде Министерството.

„Зголемените врнежи, брзината на ветерот и снежните врнежи ќе претставуваат дополнителни предизвици за и онака нискиот морал на руските сили, а исто така ќе претставуваат проблеми за одржување на опремата. Основните вежби како чистење на оружјето мора да се прилагодат на условите и се зголемува ризикот од дефект на оружјето“, заклучен извештајот.

Спонзорирано: