5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блинкен испрати порака до Турција: САД се обединети со нашите турски сојузници

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Антони Блинкен, на Твитер изрази поддршка за турскиот народ по вчерашната експлозија во Истанбул.

– Длабоко сме тажни поради загубата на животи предизвикана од експлозијата во Истанбул. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите и турскиот народ. Соединетите Американски Држави стојат обединети со нашите турски сојузници – рече Блинкен.

Да потсетиме, најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени во вчерашната експлозија што се случи околу 16 часот и 20 минути на авенијата Истикал.

Утринава шефот на турската полиција Сулејман Сојлу ја информираше јавноста дека е уапсено лице осомничено за подметнување бомба во Истанбул и наводно е поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Спонзорирано: